Меџити: Да оставиме судот и обвинителството да го расчистат случајот во Куманово

Од:

Да оставиме судот и обвинителството да ги расчистат случаите во Куманово, бидејќи се во интерес на општата безбедност, изјави денеска, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи ан новинарски прашања во Липково, каде присуствуваше на акцијата на садење дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште.

– Да оставиме тоа значи на органите коишто се занимаваат со тоа и на судство и обвинителство да ги расчистат тие случаи бидејќи се во интерес на општата безбедност и во интерес на граѓаните да се расчистат. Пораката е никој не е над законот, секој којшто ќе го прекрши законот, ќе се соочува, рече Меџити.

Претходно и претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на настан за садење дрвја во градскиот парк потсети дека апелирале на локалниот совет за превенција за брзо расчистување на случајот, за да не се создаваат меѓуетничките тензии во мултиетничко Куманово.

– Локалниот совет за превенција се одржа во вистински момент и сите присутни апелиравме да не се крева меѓуетничка тензија, изјави Ѓорѓиевска.

Полицијата соопшти дека е расчистен случајот со опожарените возила и објект во Куманово, сторителот, триесет и петгодишен кумановец Ф.А. е лишен од слобода на подрачје на Бит пазар по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 2 декември, годинава во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект, соопшти СВР Куманово.

Ф.А. бил приведен и задржан во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Еден од опожарените автомобили е во сопственост на обвинителот, Џелал Бајрами, а објектот фотокопирница е во сопственост на советникот од ДУИ, Фитор Јакупи.

Би можело да ве интересира

Поранешен пратеник и директор од ДУИ премина кај Изет Меџити

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он