„Мечките влегуваат во куќите на жителите, тоа е опасно по живот“: Се бара Владата да прогласи кризна состојба во Маврово и Ростуше

Од:

Пратеничката Белкиса Зеќири од СДСМ коментирајќи одговор на прашање од министерката за животна средина, Каја Шукова, рече дека општина Маврово и Ростуше поднела барање до ЦУК и до Владата да се прогласи кризна состојба на нејзината територија за да се донесат мерки за заштита на жителите од кафеавата мечка.

– Во врска со проблемот со кафеавата мечка кој го имаат жителите на Маврово и Ростуше. Со Законот за ловство, кафеавата мечка е трајно заштитена, покрај климатските фактори кои играат улога во нејзиното движење, мечката по потрага по храна и спуштена е во населените места.

Таа борејќи се за опстанок на територијата на националниот парк Маврово, ја нарушува безвбедноата на жителите. Таа е лоцирана внатре во населените места, најпогодена е Жировница, но не значи дека другите села се изолирани. Тоа е сериозна опасност по животот на граѓаните и прави голема штета по имотот и добитокот. На површина од 72.000 метри2 би требало да има до 70 мечки. Заштитата треба да биде двострана, да не ме сфатите погрешно.

Потребно е дислоцирање на мечките, затоа општина Маврово-Ростуше достави барање до ЦУК и до Владата да на територијата на ооштината да се прогласи кризна состојба со цел да се преземат мерки за заштита на луѓето и на животните. Верувам дека никој од нас не би сакал ова да заврши со загуба на човечки живот. Затоа што мечката не се движи по дворови туку влегува во самите куќи на жителите. Со решавање на овој проблем на жителите им се обезбедува уставното право на безбедно движење – рече пратеничката Белкиса Зеќири.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 отсто

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов

ВИДЕО: Чувар во хотелот го нападна голема мечка

Предраг Петровиќ