Македонка од Швајцарија наместо во изолација се прошетала низ Охрид

Од:

Македонка од Швајцарија се вратила во Охрид и наместо да седи дома се прошетала, а потпишала дека ќе се самоизолира. Обвинителството предлага парична казна од 3.000 евра.

ЈО информира дека Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид доставиле предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Швајцарија. Обвинетата сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво.

-На 9 март годинава, 47- годишната македонка допатувала од Швајцарија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, преку граничниот премин Ќафасан. Иако на 18 март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16 март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус Ковид 19, не постапила по наведените обврски. Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар, се наведува во соопштението

Би можело да ве интересира

За шест часа евидентирани 541 прекршок за брзо возење

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он