Македонија воздржана за Резолуцијата за повлекување на Израел од Газа и Западен брег

Од:

Генералното собрание на Ообединетите нации со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани.

Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните палестински територии „без одлагање“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, ја означи резолуцијата како „обид да се уништи Израел преку дипломатски тероризам“ во која никогаш не се спомнуваат злосторствата на Хамас и „ја игнорира вистината, ги искривува фактите и ја заменува реалноста со фикција“.

Македонија беше воздржана, заедно со Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Литванија, Украина, Србија, Албанија, Канада, Индија, Австралија и други земји.

Против гласаа САД, Израел, Чешка, Унгарија, Аргентина и други земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Газа е огромна масовна гробница: Под 60 милиони тони урнатини, сè уште лежат 10.000 палестински тела

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Ердоган: ОН не се способни да го штитат мирот и безбедноста – неправдата кон Палестина боли

А1он