Македонија очекува за време на хрватското претседавање да се отвори првото поглавје од преговорите за членство во ЕУ

Од:

Не беа потребни само 27 години да се реши прашањето, туку и голема политичка волја, храброст и решеност да и се помогне и на нашата држава и на регионот и да се најде решение што е вистински акт на патриотизам и заштита на државните интереси и интересите на граѓаните, нагласи вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, вицепремиерот и министер внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Упатувајќи честитки од името на македонската Влада до пратениците во грчкиот Парламент за изгласувањето на Договорот од Преспа, Шекеринска потенцира дека со нивната одлука покажале дека, како што рече, нашите пратеници не се осамени во визијата за поинаков Блакан, во визијата што промовира политика на 21. век. Потсети дека и во Скопје и во Атина имало канонада од критики за Преспанскиот договор.

– Денеска сме држава која одлучи да не гледа веќе назад, туку да гледа кон остварување на своите стратешки цели, а тоа е да се приклучиме кон најмоќната политичко-безбедносна алијанса во светот и да обезбедиме економски раст, базиран и на членството во НАТО и на почеток на преговори со ЕУ, рече меѓу другото Шекеринска. Таа порача дека Владата не заборавила на сите обврски што ги има дадено пред граѓаните, но, подвлече, без безбедност и стабилност одржлив еконосми раст не е возможно.

Според вицепремиерот Османи, Македонија станува наратив на поддржувачите на еворпската идеја насекаде низ Европа, ги разоружува евроскептиците во нивниот обид да го рушат еворпскиот концепт.

– Договорот од Преспа е дипломатско чудо, кое не само нас што ќе ни ја отвори евроатлантската перспектива, ќе го охрабри регионот да продложи со сличниот пристап и вака на европски начин ги решава балканските спорови и целиот регион да влезе во стабилни води, изјави вицепремиерот Бујар Османи. Најави дека очекува за време на хрватското претседавање со ЕУ да се отвори првото поглавје од преговорите за членство во ЕУ. Османи информира дека на денешната владина седница првпат имал можност да се обрати на албански јазик согласно новиот Закон за употреба на јазиците.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека приоритет е борбата против корупцијата и оневозможување на какво било кршење на човековите права. Македонија, потенцира, денес е слободна земја која има треанспарентна влада.

– Од држава во која МВР беше претворено во партиски штаб и центар за прислушување, станавме држава која е во процес на сериозни реформи на безбедносните служби и нема нелегално прислушување. Ја комплетиравме и законската рамка за ефиканска надворешна контрола врз работата на македонската полиција, постои посебна единица кај Народниот правобранител механизам за граѓанска контрола, во подготовка е спроведување на процесот т.н. ветинг во МВР, говореше министерот Спасовски, во насока на реформските процеси кои се спроведуваат. Најавувајќи дека продолжува борбата против корупцијата на сите нивоа, Спасовски се осврна и на изборот, односно именувањето на претседател и членови на Комисијата за спречување на корупцијата, за зајакнувањето на нејзините капацитети, надлежности и ингеренции, меѓу кои ги спомена и законитоста на финансирањето на политичките партии, изборните кампањи, поврзаноста со банките…

Практично поместивме планина, рече на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Димитров, додавајќи дека покажале оти во регионот сите знаеме колку е богат во смисла на историја, но и оти можеме да создадеме и иднина.

– Најдовме начин како два европски соседи да се разбереме дека правото на самоопределување е неспорно и оти нашиот македонски идентитет не мора да е во спротивност, туку може да е комплементарен со грчкиот македонски идентитет што е член седум во Договорот. Убедени сме како Влада дека со мудра политика и во добра волја спроведување на договорот и најострите противници за некое време, ќе се прашуваат зошто мораше толку долго време да помине, истакна Димитров.

Изрази убедување дека со исправна политика и имплементација на Договорот ќе успееме, како што рече, да им покажеме и на противниците на Договорот дека и тие се победници.

– Целиот процес ќе заврши со усвојувањето на пристапниот протокол за нашето членство од страна на Парламентот во Грција. Во тој момент стапуваат во сила уставните амандмани и тогаш Република Северна Македонија ќе биде нашето уставно име, тогаш ќе ги разменуваме нотите со нашите пријатели од Грција и договорот од Преспа, појасни министерот за надворешни работи.

Димитров информира дека е формирано меѓуресроско координативно тело кое ќе почне со подготовки за имплементација на обврските од Преспанскиот договор. Најави меѓу другото дека ќе треба да се подигне нивото на дипломатско претставување во Грција од Канцеларија за врска во амбасада.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина