А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: A1on
Македонија

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

by A1on14/04/2024 - 14:0414/04/2024 - 14:051026
Share0

Генералното собрание на ОН на 2 мај ќе расправа за Резолуцијата за Сребреница, прашање кое веќе предизвика бројни реакции во регионот, особено меѓу претставниците на босанскохерцеговскиот ентитет , Република Српска и на Србија, а министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека Македонија ќе поддржи резолуција за прогласување на настаните во Сребреница за геноцид.

Добивај вести на вибер

– Мора да ги наречеме работите со вистинското име ако сакаме од нив да научиме и сакаме никогаш да не ни се повторат. Мислам дека тоа е важно за да конечно влеземе во процес на помирување во регионот. Многу е важно што БиХ доби одлука за почеток на преговорите, се надевам дека ќе ја консолидира соработката и односите меѓу трите ентитета.

Очекувам брзо нормализирање на односите меѓу Косово и Србија со меѓусебно признавање бидејќи тоа ќе затвори уште едно отвореное досие и очекувам Македониај да ја задржи стратершката предвилидност – рече Османи.

Ова следува по веста дека Франција се приклучи како коспонзор на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, што треба да биде изгласана во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

„Франција се придружува да биде коспонзор на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Благодарност на нашата пријателска земја, претседателот Макрон и француската мисија при ОН“, се наведува на официјалниот профил на мрежата X на Меморијалниот центар во Сребреница.

„На 11 јули 1995 година и во деновите што следуваа, овде во Сребреница во БиХ се случи една од најлошите трагедии во модерната историја. Франција не заборави на повеќе од 8.000 жртви, возрасни и деца, кои беа убиени. Со длабоки емоции ги поздравувам преживеаните жртви на геноцидот и нивните семејства и изразувам искрено сочувство“, порача Макрон.

bujar osmanikosovooonrezolucijasrbijasrebrenica

Би можело да ве интересира

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:00

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:4525/03/2026 - 12:05

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он22/03/2026 - 11:06

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 19:0015/03/2026 - 19:03

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 15:5815/03/2026 - 17:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто