Мајката на Вања: Сето ова ми е нереално, важно ми е само да ја дознаам вистината

Од:

Зорица Ѓорчевска, мајката на 14 годишната Вања која беше убиена кај селото Бразда во изјава за српска „Република“ вели дека и е важно да ја дознае вистината.

„Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално“, вели мајката на Вања.

Таа посочува дека со таткото на девојчето, кој е осомничен дека давал информации на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо за нејзините секојдневни рутини, се разведени пред пет години и дека не ја интересирало ништо за него.

„Бевме разведени пет години и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир“, изјави Ѓорчевска.

 

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он