Либералната партија бара Собранието да ја стави на дневен ред Платформата за интеграциите и решавање на спорот за името, поднесена до Собранието од оваа партија уште пред еден месец.
ЛП потсетува дека Платформата ги вклучува аспирациите на граѓаните за интегрирање во ЕУ и НАТО, а токму таков документ, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, денеска треба да биде потпишан од партиите во парламентот
„Затоа, повикувајќи ги координаторите на пратеничките групи и претседателот на Собранието да го почитуваат Деловникот на Собранието, Законот за Собранието и Уставот, најавуваме дека потпишувањето на Меморандумот за Либералната партија има смисла само ако Платформата се најде на дневен ред на собраниска седница“ – се вели во соопштението на ЛП.