(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Од:

ВМРО-ДПМНЕ изнесе неколку идеи во однос на преговарачката рамка на средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници на која се разгледуваше францускиот предлог, но не и билатералниот протокол кој се уште не е дефиниран и потпишан со Бугарија.

Првата точка во која што ВМРО-ДПМНЕ интервенира е точка три од општиот став каде што бара реченицата „ЕУ ги зема во предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“ да се избрише.

– Ова го бараме затоа што сметаме дека македонскиот јазик е самостоен, независен и нема што Бугарија да дава мислење во однос на македонскиот јазик кој што ќе станува дел од документите на ЕУ. Значи велат јасна формулација за македонскиот јазик, ова е јасна формулација за македонски јазик, македонски јазик без никакви изјави – рече Николоски по средбата.

Втора работа која ја бара ВМРО-ДПМНЕ е во точка пет од преговарачката рамка да се брише последната алинеја, која што го вклучува договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според членот 12.

– Во точка пет се ставени критериумите според кои што Македонија ќе напредува за сите држави тоа се Копенхашките критериуми и договорите за стабилизација и асоцијација, само за Македонија се додаваат билатералните договори и специјално членот 12 во кој што е предвидено дека Бугарија ќе има контрола врз нашата историја, нашите учебници, нашето образование и нашата самоидентификација, тоа не можеме да го прифатиме и затоа бараме да се избрише.

Понатаму, во преговарачката рамка бараме во точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“ односно поедноставно кажано да нема поделба на првата меѓувладина конференција и да не се условува со промена на Уставот, туку веднаш да започнат преговорите – истакна Александар Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ.

– Следно што бараме да се избрише е точка 13 од преговарачката рамка која што исто така го дели преговарачкиот процес. И финално точка 14 од преговарачката рамка во која што пишува дека „во таа насока го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана согласно членот 12 од договорот за добрососедство со Бугарија, овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионална соработка кои што остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот од стабилизација и асоцијација“, предлагаме да се избрише условувањето со усвојување на протоколот и следни протоколи кои што би ги имала Македонија со Бугарија, затоа што тие протоколи се уценувачки за Македонија и во истите се бара ревизија на македонската историја, македонската култура и самобитност – рече Николоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: За милионите евра, кои СДС ги даде на Рејтинг и Спасов, тие смислуваат само глупави лаги и манипулации со што ја носат партијата кон пропаст

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Никола Спасов откако се насобра тендери од СДС, преку агенцијата Рејтинг, сега го отплаќа долгот преку водење на ПР, со ниски лаги и измислици

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов, со катастрофалниот ПР на СДС, испитува како дното да се пробие, што повеќе на партијата

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празни прес конференции, Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови