Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Од:

Собранието го избра обвинителот од Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевскки за нов државен јавен обвинител. Тој пред пратениците беше доставен како единствен кандидат, откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, додека пак за обвинителката Фатиме Фетаи не се расправаше поради нецелосно доставена документација.

ВМРО-ДПМНЕ на седницата обвини дека е сомнително зошто лице како Коцевски, со богато искуство во адвокатурата, прифатило да биде кандидат за шеф на државното обвинителство, но и дека е чудно зошто тој се одлучил да биде кандидат за оваа функција на само 80 дена пред изборите.

Инаку, Коцевски е поранешен адвокат, кој во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од една година, станува дел од републичкото Јавно обвинителство, помеѓу десеттемина обвинители во оваа институција. Тој бил дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители но и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.

Советот на јавни обвинители за него имаше само пофални зборови. Коцевски, според членовите на советот има позитивно оценет работен ангажман, одличен однос кон колегите, но и човек кој може да ги сплотува состојбите во Обвинителството.

Со гласањето „за“, пратениците на Коцевски му доделија шестгодишен мандат на чело на обвинителството.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Ненад Савески е нов државен јавен обвинител

Катерина Ѓуровски

Собранието избира нов државен јавен обвинител

Катерина Ѓуровски

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ