Левица: Максим Димитриевски троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Од:

Максим Димитриевски за во спортската сала во Куманово набавил семафор во вредност од 10 милиони денари. За споредба, во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари велат од Левица.

– Целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго“, договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или милион и 145 илјади евра, од кои 10 милиони денари се само за семафорот.

Па следствено се прашуваме, како граѓани од чии даноци се трошат тие пари, дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?!

Како кумановци сме и изреволтирани што спортска сала која во 1979та година била почната со градење а веќе во 1980та била завршена, градба која следната 1981 г. ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС), за сега спортот во Куманово да е пред праг на умирање затоа што сегашните власти веќе со години не се способни да ја санираат истата!

По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност.

Левицаго повикува обвинителството да ја провери јавната набавка, а Мицковски ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во општина Куманово, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови