Левица бара собраниска седница за пратенички прашања со задолжително присуство на Нина Ангеловска

Од:

Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, денеска до претседателот Талат Џафери упатија официјално писмено известување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања, информираат од партијата.

„Ваквата специјална седница, според Деловникот, е предвидено да се одржува секој последен четврток во месецот. Бидејќи утре е последниот четврток во тековниот месец август, а воедно е и последна шанса за поставување пратенички прашања на министрите од техничката преодна Влада на РМ во заминување – нашите пратеници побараа итно свикување пленарна собраниска седница, како би се овозможил уставниот принцип на парламентарна контрола на законодавната врз извршната власт.

Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните
и јавниот интерес – пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на седницата да се обезбеди задолжително присуство на Министерката за финансии – Нина Ангеловска и на Гувернерката на Народната Банка на РМ – Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот,“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ