А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Легализација на терасите по едно евро

by А1он02/05/2013 - 13:28204
Share0

Надоместокот за легализација на тераси во станбени згради и тераси пренаменети во станбен простор ќе биде 61 денар по метар квадратен.

Добивај вести на вибер

Ова е предвидено со најновите измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата ги усвои на последната седница.

Со измените се предлага 60 проценти од приходот од надоместокот за легализација да го добива Град Скопје, а останатите 40 проценти за општините во градот Скопје на чие подрачје е изграден бесправниот објект.

– Како ресорно Министерство континуирано и секојдневно го мониторираме одвивањето на процесот на легализација на бесправните објекти со цел тој да заврши што побрзо и ова прашање за сите оние за кои претставува проблем да биде решено, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека со предложените измени се врши и усогласување со новиот Закон за катастар на недвижности, односно се предвидува запишување во јавните книги за недвижности на сите видови линиски инфраструктурни објекти и електронски комуникациски мрежи.

Според податоците на Министерството за транспорт и врски досега се уважени речиси 50.000 барања за легализација.

Министерот Јанакиески апелираше до граѓаните и правните субјекти да ја комплетираат документацијата за легализација затоа што рокот за доставување на геодетските елаборати истекува на 18 јуни 2014 година.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски оцени дека со измените ќе им се овозможи на поголем број граѓани кои имаат тераси да ги легализираат. Барањето за измени на Законот за постапување по бесправно изградени објекти, како што рече Трајановски, е на барање на граѓаните кои имаат балкони и тераси во станбените објекти.

Досега надоместокот за легализација на тераси во Скопје во зависност од општините чинеше над 100 евра.

gradeznistvozemjiste

Би можело да ве интересира

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски16/06/2021 - 15:48

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски15/06/2021 - 16:4116/06/2021 - 00:14

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

А1он02/04/2020 - 15:43

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека семејството на Филипче го узурпира Водно, министерот демантира

А1он01/03/2020 - 15:3401/03/2020 - 15:41

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска05/11/2019 - 13:3906/11/2019 - 12:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен