Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Од:

233 одобренија за градба се издадени во април годинава, а со нив е предвидена изградба на исто толку објекти со предвидена вредност од околу 3,5 милијарди денари, односно над 50 милиони евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика во април 2021 година се издадени за 34,7 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот месец од претходната година, а предвидената вредност е за 5,7 отсто пониска во однос на април претходната година.

Од издадените одобренија за градење, 149 или 63,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 24 или 10,3 отсто за објекти од нискоградба и 60 или 25,8 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 233 објекти, на 117 или 50,2 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 116 или 49,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 55 104 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Се намалува интересот за градење, издадени една третина помалку одобренија за градба

Орце Костов

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска