Лефков: Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ

Од:

Стево Пендаровски тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија. Пендаровски не застана тука, туку тврдеше дека ставот на Бугарија – „сменете го Уставот, па дојдете да разговараме“ е преседан од невидени размери, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

-За на крај Пендаровски да каже дека го кажува гласно неговиот став и дека не мисли дека уставните измени се нешто страшно. Кој е ставот на Пендаровски тој од 2022 и почетокот на 2023 година или тој по потпишувањето на бугарскиот диктат. Како може граѓаните да му веруваат на Пендаровски кога тој не само што ги менува своите ставови, туку тоа го прави и дијаметрално спротивно, од „промена на устав е вон памет“, до „промената на уставот е сосема во ред“. Стево Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ, затоа менува ставови, и дури кога некој ќе помисли дека нешто паметно кажал, тој веднаш добива воспитна од партискиот штаб и се потстројува зад Ковачевски и Ахмети. Со право народот вели дека немаме држава, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, време е да ја вратиме, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ