(ВИДЕО) Лефков: Богац е уапсен поради сомнение дека местел тендери

Од:

Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали. На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето ги добиле јавни претпријатија, а два тендери кои ги добила битолска фирма се со највисока вредност и во износ од околу 350 илјади евра, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Поранешниот претседател на СДММ и дете израснато од Зоран Заев кој во дадени моменти се заговараше и дека треба да го наследи, според обвиненијата наместил тендери заедно со уште едно лице Александар Спирковски викан Џемо од Прилеп, инаку поранешен претседател на ОО на СДС. Џемо инаку е лице кое во Прилеп плаќаше луѓе за да гласаат за СДС, лице кое тепа сограѓани сред бел ден и за тоа не одговара. Претходно тој беше и приведен како дел од аферата со прилепската болница кога Основното јавно обвинителство отвори истрага за финансиското работење во болницата. Ова е вистинското лице на СДС. Афери, тендери, рекети и криминал. Одговорност за криминалите на СДС мора да има, нагласува Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

Стефан Богоев со гаранција од 55.000 евра излегува од притвор

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски