Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Од:

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција која МИА ја објавува интегрално.

Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови.

Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот.

По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија.

Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично.

Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот.

Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки