(ВИДЕО) Лефков: Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката

Од:

Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката. Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС. За Абази и да не говориме, човек кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али ќе му каже, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Коларевиќ и Абази, застанаа цврство во одбрана на криминалот на функционерите на СДС и ДУИ наречен “Мазут” вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница. Коларевиќ и Абази не ги гледаа доказите на медиумите за труењето со мазутот во ТЕЦ Неготино, ниту пак извештаите од ДЗР во кои јасно се вели дека имало голем број на нечистотии во мазутот, не ги интересираа релевантни лица од ЕСМ да ги повикаат на разговор туку повикале лица кои ќе им дадат искази какви што тие бараат, едноставно речено, при очи се правеле слепи.

Прашуваме, дали зад запирањето на постапката стои корупција, односно подмитување на обвинителите? Зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара и тој одговори за стопирањето на постапката? На ваков начин функционираше коалицијата СДС и ДУИ додека беше на власт, а како што гледаме и натаму продолжува таа коалиција и во правосудните органи. Бараме веднаш истрага за овој случај од повисоките инстанци, а оставка на Абази е повеќе од потребна. Правда и одговорност мора да има, нагласи Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лефков: Богац е уапсен поради сомнение дека местел тендери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти