Лефков: Осум месеци откако Ковачевски стана премиер, фирмата основана од него почнува со фабрика во ТИРЗ Тетово од 54 милиони евра

Од:

Аферата Броило на Ковачевски зазема димензии од десетици милиони евра кога дезертерот Ковачевски доаѓа на позицијата премиер. Објавуваме нови сознанија која е основата на соларниот картел создаден преку исклучителна трговија со влијание злоупотребувајќи државни позиции и функции. Сомневањата се дека Ковачевски и кумот формирале приватна фирма за производство на фотоволтаици за да продаваат на државната ФЕЦ Осломеј рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Осум месеци по седнувањето на Ковачевски на премиерското столче, на 24.08.2022 година, од него основаната Пиксел груп основа фирма за изградба на фабрика за фотоволтаични панели во ТИРЗ Тетово заедно со бугарската фирма АЕ Солар Хорајзон од Софија, под името АЕ Солар АД Тетово. АЕ Солар АД Тетово, според написите во медиумите е инвестиција во висина од 54 милиони евра. Во неа уделот на фирмата основана од Ковачевски е 40%, делот кој таа според ова ќе го инвестира во фабриката е 21.6 милиони евра. За извршен член на одборот на директори е именуван кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, а за неизвршен член на одборот на директори, Мирјана Паунова, негова сопруга, кума на Ковачевски вели Лефков.

Тој тврди дека и бугарската фирма партнер е формирана откако Ковачевски станува премиер во Македонија.

– Имено од јавно достапните податоци се гледа дека фирмата партнер на Пиксел груп основана од Ковачевски, Солар Хорајзон АД Софија е формирана на 24.03.2022 година, скоро 4 месеци откако Ковачевски е избран на премиерската позиција, и тоа се 15 илјади лева основачки капитал. Како што веќе брифираа медиумите, владата треба да потпише и договор за државна помош со фирмата во која Пиксел груп, формирана од Ковачевски е 40% сопственик. Имено доколку АЕ Солар АД Тетово, добие државна помош тоа ќе значи дека премиерот Ковачевски потпишува државна помош за фирма во сопственост на фирма основана од него, а застапувана од неговиот кум рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, ќе имаме изолација

Ковачевски: ЕУ треба да има јасна стратегија за интегрирање на преостанатиот дел од Балканот

Митева: Заврши употребната вредност на скапиот маркетинг на Ковачевски за слики по маркети, граѓаните повторно ќе имаат повисоки цени

(ВИДЕО) Ковачевски – Лајчак: Северна Македонија е докажан фактор на стабилност во регионот

Ана Ололовска

Ковачевски: Пратениците да гласаат за доброто на народто, а не за кариерата на било кој политичар