Лефков: Антикорупциска да престане политички да амнестира, Обвинителството да го истражи Ковачевски

Од:

Дезертерот Ковачевски сам призна дека додека бил заменик министер за финансии е исплаќана помош на фирмата Пиксел груп, основана од него, а сега во центарот на аферата „Броило“, тешка 26 милиони евра.ДКСК се буквално пуштени низ вода по вчерашната изјава на Ковачевски, кој сам призна дека наводите од нашите прес конференции се целосно точни, и дека во време кога тој е заменик министер за финансии е исплаќана помош на фирма основана од него, а сега во посед на неговиот кум рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Имено вчера ДКСК предвреме се обиде да го амнестира Ковачевски. Јасно е дека гласот на ДКСК е Ковачевски кој сака да гоа испере криминалот преку наводна констатација на ДКСК дека нема криминал. Како тоа утврдија дека нема судир на интереси и трговија со влијание кога Пиксел груп формирана од самиот Ковачевски е основана 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година? И за само една година оваа фирма гради фабрика за фотоволтаици. Кои факти ги анализираше ДКСК и врз основа на кои документи утврди дека нема судир на интереси треба да елаборира пред јавноста праше Лефков.

Не смее да се заборави, ниту дека Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели, кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира на тендерите добиени од државата во висина од 2 милиони евра, и договорот со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра рече Лефков.

– Дека се наликува на злосторничко здружение околу Пиксел груп е и фактот што оваа фирма добива над половина милион евра државна помош, а за половина од тоа време Ковачевски е заменик министер и мандатар за избор на нова влада. ЈО да не чека и да истражи, дали и колкаво е влијанието на Ковачевски и дали тој ја злоупотребил својата положба во трупањето на милиони на соларниот картел. А ДКСК да престане политички да го амнестира врвот на владата, а со тоа и соларниот картел, а за многу кратко ќе објавиме и кои се причините поради ваквата заштита порача пратеникот на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Лефков: Пендаровски кажа дека договорот за Коридорите ќе го преговараат и граѓански здруженија, а на крај Груби одлучуваше за се

Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија

Ковачевски од Куманово: СДСМ има јасна визија за просперитетна иднина

Предраг Петровиќ