• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Лазаревски до Мијалков: Директоре, па јас прв ве внесов во просторијата за прислушување

by А1он31/01/2019 - 11:5231/01/2019 - 12:06648
Share0

„Свиркачот“ Ѓорѓи Лазаревски кој незаконски прислушуваните разговори ги извадил од МВР и ги предал на Зоран Верушевски, на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ рече дека тој прв во 2006 година го внел новиот директор на УБК, Сашо Мијалков, во просторијата каде бил поставен системот за прислушување.

Добивај вести на вибер

На прашање на адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски, кој се имал пристап во просторијата, која се наоѓала на четвртиот кат во зградата на Граничната управа, каде стоела машината, Лазаревски одговори дека покрај осумте лица маркирачи и одржувачи на системот, можност за влез во просторијата имал и Сашо Мијалков. Ексдиректорот на УБК на овој одговор се насмеа, на што Лазаревски му кажа „Директоре, па јас прв ве внесов во просторијата за прислушување“.

На денешното рочиште, Лазаревски преку прашањата на адвокатите на обвинетите во случајот за нелегалното прислушување „Таргет-Тврдина“ го појаснува начинот на кој успеал да влезе во системот. Тој истакна дека во 2008 го искористил тоа што лозинката на главниот администратор за влез во системот не била променета и влегол со цел да ги види логовите, односно аквивностите кои биле вршени во системот, односно времето кога корисникот влегувал и излегувал во системот и броевите кои биле поставувани и прислушувани.

– Никој ми немаше поставено забрана за пристап да влезам во системот, иако веќе не работев на него. Ако некој сакал да не влезам, ќе го променел пасвордот. Го искористив моментот што пасвордот не беше променет, уште од кога јас бев началник на оперативната техника, до 2006 година, рече Лазаревски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Виктор Јованов

lazarevskimijalkovsjosudtarget-tvrdina

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:42

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:45

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Горан Наумовски01/06/2025 - 16:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен