Кузеска: Милошоски треба да се извини и веднаш да поднесе оставка, ако се потврди дека бил осуден во Германија

Од:

Според информации објавени јавно во повеќе медиуми, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бил осуден за незаконски дела во Германија. Како што е пренесено, судот во градот Ахен, пред неколку години, пресудил дека Милошоски сторил кривично дел фалсификување исправи. Освен една нејасна изјава, во стилот не сум од тука, Милошоски го нема да се произнесе за овој нов скандал – рече денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели и дека неодговорно мочи и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

„За овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да се крие туку веднаш да излезе пред граѓаните. Тој има обврска за овој скандал јавно да се произнесе, исто како и Христијан Мицкоски. Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија? Зошто ги криел податоците од граѓаните? Ако се потврдат овие информации, Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ