Кривични пријави за тројца од Агенцијата за филм

Од:

Во соопштение до јавноста, Управата за финансиска полиција на Р. Македонија поднесе кривични пријави против три лица, двајца поранешни директори на Агенцијата за филм и претседател на Управниот одбор на оваа институција, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 3 в.в. став 1 и став 5 од КЗ на РМ.

Имено, во соопштеноето стои: Д.Б. – Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија во период од 25.12.2008 до 03.11.2015 година, М.Ѓ.И. – Директор на Агенцијата за филм на Р. Македонија во период од 03.11.2015 до 03.08.2017 година, и Д.Д. – Претседател на Управен одбор на Агенц. за филм на Р. Македонија, се сомничат дека ја злоупотребиле счлужбената положба.

„Лицата Д.Б. и М.Ѓ.И. во својство на Директори на Агенцијата за филм на Република Македонија, спротивно на член 32 став 1 од Законот за филмска дејност (каде предвидено е Директорот на Агенцијата, член на Советот, рецензентите, советниците и другите надворешни соработници, претседател и членовите на Управен одбор и вработен во Агенцијата, заради судир на интереси да не може да учествуваат на конкурс на Агенцијата, ниту да учествуваат во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата), во период од 2008 до 2016 година, со неизвршување на својата службена должност на начин што без должниот надзор овозможиле лицето Д.Д. – Претседател на Управен Одбор на Агенција за филм именуван од Владата на Република Македонија, истовремено да учествува и како филмски работник (Директор на фотографија и Кинематографер) во реализација на 10 филмски проекти финансирани од Агенција за филм на Република Македонија, а кои се претходно одобрени и од лицето Д.Д., при што на истиот му е овозможено да прибави корист за себе во вкупен износ од 6.580.885 денари, и тоа преку продуцентските куќи: ТД Смалл Мовес ДООЕЛ Скопје, ТД Круг Филм ДООЕЛ Скопје, ТД Партизанс ДООЕЛ Скопје, ТД Сектор Филм ДООЕЛ Скопје и ТД Фрагмент Филм ДООЕЛ Скопје.“

Во период од 8 години, кинемтограферот Дејан Димевски бил ангажиран како професионалец да работи на дест филмови, но истовремено бил претседател на Управниот одбор на Агенцијата за филм, што претставува судир на интереси. Ова било овозможено и со потписот на директорите Дарко Башевски и Мими Ѓоргоска Илиевска, кои во случајов требале да имаат должен надзор.

Би можело да ве интересира

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби