Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднела кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот законик.

Првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на вторoпријавениот правен субјект Расим Транс ДООЕЛ Гостивар, како што соопштија денеска од Финансиска полиција, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект во периодот од 2020-2022 година, во име на пријавениот правен субјект издал фактури по основ на кои остварил приходи во вкупен износ од 40.195.194 денари, кои приходи не ги пријавил и не ги прикажал во задолжителени даночени биланси и ДДВ пријави.

– Дополнително, првопријавеното физичко лице во периодот од 2017-2019 година присвоил парични средства подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект на име материјални трошоци во вкупен износ од 30.199.795 денари, за кои во сметководствената евиденција на пријавениот правен субјект како доказ за нивната економска оправданост доставил фискални сметки за набавка на гориво издадени од страна на бензиски пумпи, кое гориво не е употребено за стопанските цели на пријавениот правен субјект, и истите како даночно непризнати расходи не ги внел во задолжителните даночни биланси, а врз основа на дел од нив ја намалил обврската за ДДВ на пријавениот правен субјкет, и на тој начин пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 16.754.054 денари по основ на ДДВ, Данок на добивка и Данок на личен доход, појаснуваат во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени

Финансиската полиција поднесе кривични пријава против претседател на Управен одбор и три службени лица

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансова полиција: Бизнисмен заработи кривична за затајување данок од 73.000 евра

Финансиска поднесе кривични против три лица и фирма, предизвикале штета на Управата за водење матични книги

Ана Ололовска