Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Од:

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирање експерти и лица со договор на дело.

Ивановска истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.

-Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања, вели претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори.

Иницијатива за кривично гонење ДКСК усвои и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ Радовиш без објавување оглас.

Членот на Комисијата Нури Бајрами, кој рефереираше за случајот, рече дека за ангажирање на ова лице не е објавен оглас ниту еднаш, оти нема можност и за други кандидати односно му се овозможува само на едно лице да се вработи и функционерска плата. Според него, нема како да се нарече оваа ситуција освен дека е корупција и упад во правниот систем.

Во проверката на документацијата е утврдено дека лицето има соодветно високо образование.

До ДКСК се стасани материјали и за случајот со Клиниката за онкологија, но тие ќе бидат проследени до надлежните институции имајќи предвид дека за него веќе се води истрага во обвинителството.

На почетокот на денешната седница, ДКСК го разгледа Извештајот на ЕК во делот што се однесува на нивната работа.

Претседателката Ивановска рече дека без разлика што веќе петта година се во Комисијата, ефектот од нивната работа не може да дојде до целосна реазлизација поради неспроведување на нивните иницијативи од страна на институциите, Владата и други органи. Не знам, вели таа, како да се мотивираат институциите да ги спроведуваат иницијативите на антикорупциската комисија.

Таа изрази надеж дека наредниот состав на Комисијата, за којшто веќе е распишан оглас, ќе ја надмине нивната работа во позитивна смисла бидејќи има добра основа за тоа.

– Се надевам дека свеста кај институциите, кај раководната структура, кај лидерите, кај сите ќе проработи и да знаеме дека од нас се зависи и дека навистина мораме сериозно да се зафатиме со овој проблем, рече Ивановска.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев рече дека оценката во Изештајот е дека назадуваме.

-Нема прогрес што е две скалила подоле, вели тој додавајќи дека се наведени многу причини за оваа состојба во Судскиот совет, во судството, изборот на првиот човек на обвинителството за организиран криминал, носењето на Кривичниот законик, ниска имплементација од Националната стратегија само 10 отсто, корупциски афери и скандали…

На денешната седница, ДКСК разгледа и други предмети.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот