Кривични пријави за актуелни и поранешни директори на РЕК Битола и за АД ЕЛЕМ за загадување

Од:

СВР Битола поднесе кривични пријави против неколку поранешни и актуелни директори во РЕК Битола и против АД ЕЛЕМ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

Кривичните пријава, како што информира МВР, се поднесени против И.К. (63) од Гостивар, поранешен директор на подружница РЕК Битола, Ј.К. (67) од Битола, директор на подружница РЕК Битола, О.З. (54) од Битола, директор во РЕК Битола, З.М. (44) од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола и против С.А. (63) од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „загадување на животната средина и природата“, и против АД Електрани на Македонија – Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

– Во координација со Јавното обвинитество направени се низа проверки при што е констатирано дека пријавените физички лица, со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, пропуштиле да ги реконструираат постоечките или да постават нови филтри за прашина – дозволиле преку работата на пријавеното правно лице да се пропуштаат штетни честички количински повеќе од 50 милиграми на метар кубен. Исто така, пријавените физички лица дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето, каде што често се создавале воздушни вртлози од пепел со земја. На тој начин предизвикале пораст на статистичкиот показател на загаденост на воздухот во град Битола, што претставува опасност по здравјето на луѓето, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско