Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Лозово за злоупотреба на службена положба

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(55) од село Каратманово, Лозово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во временскиот период од 01.09.2015 година до 29.03.2017 година, пријавениот, како градоначалник на општина Лозово, во пет постапки за утврдување на правен статус на бесправни објекти, и покрај тоа што знаел дека објектите не претставуваат градежна и функционална целина, донел пет решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект со што им овозможил на сопствениците на објектите, да се стекнат со правен основ за запишување на правото на сопственост на објектите во Агенцијата за катастар на недвижности Свети Николе, односно во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

Би можело да ве интересира

Волонтери од Америка ќе бидат сместенувани кај семејства од Лозово-за гостите храна секој ден

Поведена постапка за поткуп при избори и гласање

А1он

Апсење за поткуп во Лозово, се давале до 100 евра за глас за независен кандидат

Кристијан Ландов

Заев, Николовски и Царовска ја пуштија во употреба спортската сала во Лозово

Ана Ололовска

ВИДЕО: Донел невеста од Албанија пред десет години, сега разочаран од државата, со четири деца ќе оди домазет во Драч

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Избрканата трудница, градоначалникот кој ја избрка и уште двајца од СДСМ кои сакаат да го „симнат“ – предизборие во Лозово