Заев, Николовски и Царовска ја пуштија во употреба спортската сала во Лозово

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, денеска ја пуштија во употреба спортската сала во Општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.

Со тоа учениците, како што соопшти владината прес-служба, од оваа година ќе имаат најсовремени услови за наставата по физичко образование, откако во изминатите години содржините по овој предмет се реализираа на отворено или во адаптирани училници во зимскиот период.

На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици, и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка кошарка, гимнастика.

Во спортската сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.

Салата во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово, е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, шест во основните училишта, а уште седум во основните се во фаза на изградба.

За изградба и опремување на оваа спортска сала од буџетот на Министерството за образование и наука се издвоени нешто повеќе од 24 милиони денари.

– Големите спортски успеси кои не прават горди како поединци и како држава, најчесто почнуваат од училишната сала. Затоа е многу значајно што училиштето „Методи Митевски-Брицо“ во општина Лозово, за прв пат добива спортска сала. Проектот е целосно финансиран од Министерството за образование и наука и покажува дека реконструкцијата и изградбата на нови училишни објекти и спортски сали ни е подеднакво важна како и вложувањата во нови наставни програми и учебници но и во капацитетите на наставниот и стручниот кадар, рече Царовска.

Посочи дека со оваа сала над 200 ученици добиваат подобри услови за редовно одржување на часовите по физичко образование, коишто се важен услов за подобро физичко и ментално здравје на учениците.

Само за инфраструктурни зафати во образованието, додаде Царовска, МОН годинава обезбеди 1 милијарда денари, што е за 2,5 пати повеќе од ланскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

А1он

Поведена постапка за поткуп при избори и гласање

А1он

Апсење за поткуп во Лозово, се давале до 100 евра за глас за независен кандидат

Кристијан Ландов

Изборен наставен предмет за финансиска писменост за учениците од економските училишта

Ана Ололовска

Царовска апелира да се користат дигиталните учебници, да се пријави продажбата на печатени

Ана Ололовска

Признанија за 11 просветни работници за придонес и особени залагања во воспитно образовната работа

А1он