ВИДЕО: Донел невеста од Албанија пред десет години, сега разочаран од државата, со четири деца ќе оди домазет во Драч

Од:

Ивица Ангеловски од Аџиматово, општина Лозово, пред десет години донел невеста од Албанија, но разочаран од државата, сега вели дека со четирите деца кои им се родиле изминатава деценија ќе замине домазет во родниот крај на сопругата. Олеснувањата што ги нуди државата кај нас за многудетни семејства вели дека не важат за него, се чувствува дискриминиран и поради тоа планира со семејството да замине во Албанија, каде што тврди дека државата нуди подобри услови за децата.

„Јас се чувствувам дискриминиран. Кај и да отидеме, во која институција секаде некако не ги исполнуваме условите. Дали е до општината, до власта, не знам што е. Во Албанија има секакви услови, и детски, и социјално, и сè. За мене не постои социјално. Не знам ни зошто функционира социјалното во Свети Николе “, вели Ангеловски за „А1он“.

Неговата сопруга Валентина вели дека се радува на планот да се врати во родниот Драч, Албанија, како семејна жена, но се навикнала и на животот во Аџиматово. Јазикот го научила за три месеци, вели дека тоа воопшто не ѝ било тешко, но се жали дека е тежок животот во селото оти секнала водата па пере на раце, а вода за пиење купуваат.

Тие се само еден од 22 брака на ергени од Лозово кои од 2009 година навака се ожениле со Албанки. Од овие бракови се родиле 30 деца, а некои се и на пат. Документација за нив сè уште води поранешниот градоначалник на Лозово Орце Цветковски, кој лично помагал да се оженат ергените од општина Лозово.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка за поткуп при избори и гласање

А1он

Апсење за поткуп во Лозово, се давале до 100 евра за глас за независен кандидат

Кристијан Ландов

Заев, Николовски и Царовска ја пуштија во употреба спортската сала во Лозово

Ана Ололовска

ВИДЕО: Избрканата трудница, градоначалникот кој ја избрка и уште двајца од СДСМ кои сакаат да го „симнат“ – предизборие во Лозово

ВИДЕО: Скандалот со општинскиот шпорет и избрканата трудница од работа не се пречка, Велковски бара втор мандат во Лозово

Маја Илиевска-Пачемска

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Лозово за злоупотреба на службена положба

Наум Локоски