Ковачки: Генерали и полковници сексуално малтретирале офицерки ветувајќи им унапредување во АРМ

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки праша дали ќе им одговорност за случаите на злоупотреба на службената позиција и сексуално матлретирање на офицерки и војници од страна на високи официери и вклучително од страна на генерали од воената безбедност кои на жените војници им ветувале унапредување и школување во Воената Академија.

– За ова се дознало случајно, во текот на истрага за примање мито а за кое министерката негираше. Трагајќи по телефонот на уапсено лице за земање мито се пронајдени слики и снимки со кои се потврдува злоупотребата на службена позиција на генерал и полковник и за истото е информирана министерката Петровска. За истото е информиран и врховниот командат Пендаровски зато што исти офицери се или можат да бидат под негова надлежост – праша Ковачки.

Наместо премиерот како што побара Ковачи, одговор доби од министерката Славјанка Петровска.

– Министерка не смее да се меша во истрага. Ве гледам во очи и ќе ви одговорам. Во секторот за воена безбедност и разузнавање има записи и сите информации дали за овој случај или за други, јас сум ги пријавила. Ниту водам истрага, ниту имам законско право. Додека не бидам известена од органи кои треба да ме известат, јас како министер нема да преземам ништо. Има презумпција на невиност. И друг пар не бегајте од судските рочишта за клевета – порача таа.

Би можело да ве интересира

Писториус не знае каде се 111 милијарди евра наменети за Бундесверот

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Врховниот кинески генерал е уапсен под сомнение за оддавање тајни

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9