Костов: Бројот на хируршки одделенија е редуциран поради пандемијата

Од:

Директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов, се огласи по повод обвинувањата од страна на вработените во хируршките одделенија, кои се заканија дека од 27 септември ќе престанат со работа доколку не се пуштат во употреба шесте хируршки сали со кои располага болницата. Вработените тврдат дека пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција, дека биле понудени неколку решенија за реорганизација на работата, но Костов не ги прифаќал.

Директорот, исто така преку известување до медиумите, се обрати до своите вработени, тврдејќи дека е свесен за проблемот, но дека во моментов „ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интевенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури)“.

„Согласно бројот на анестезиолози, земајќи го предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти согласно препораките на Министерството за здравство во кои е потребен поголем број на медицински персонал, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интевенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури). И овие интервенции се одвиваат без застој. Постои редукција на елективниот програм кој не само во нашата установа туку и секаде во светот е во слична состојба заради пандемијата (ангажирање на персонал за лекување на приоритетните пациенти заболени од Ковид)“, стои во неговото известување.

Костов додава дека од колегите е потребна помош во лекувањето на ковид позитивните пациенти кои лежат во ковид одделенијата, и дека тие ќе бидат вклучени во нивното лекување се до моментот кога ќе се создадат услови за работа на хируршкиот колектив во полн капацитет.

Би можело да ве интересира

Вработена во болницата „8 Септември“ украла картичка од пациент и си пазарела

Ландов

ГОБ „8 Септември“ првпат доби ротирачки магнет: пациентите ќе се снимаат и во стоечка положба

Маја Илиевска-Пачемска

Во ГОБ „8 Септември“ работат само две сали за операции, вработените се закануваат дека ќе прекинат со работа

Мери Јордановска

На раце или на грб ги качуваат пациентите по скали во „8 Септември“, расипани лифтовите во поликлиниката

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Гужва и турканици пред Ковид-центарот во „8-ми Септември“

Искра Манојлоска

Ќерка и нејзината 81-годишна мајка ја напуштија Градската болница – се излечија од коронавирусот

А1он