Конференција за можностите и предизвиците за рециклирање текстилен отпад

Од:

Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Холандската амбасада и Текстилно трговското здружение – Текстилен кластер денеска ќе организираат конференција на тема „Можности и предизвици за рециклирање на текстилен отпад“.

На конференцијата предвидено е обраќање на в.д. директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Ризајд, амбасадорот на Холанија, Волтер Пломп, директорот на „ЕПИ Центар Интернационал“ Љубомир Димовски и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Целта на конференцијата е да ги адресира актуелните предизвици во текстилната индустрија во Македонија и подобро да ги артикулира кон владините претставници преку предложени решенија за подобрени царински постапки, третман на отпадот и рециклирање врз основа на меѓународните искуства.

На настанот ќе присуствуваат меѓународни и домашни експерти кои ќе ги презентираат и дискутираат идеите и практиките што веќе се користат на меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција откри даночно затајување од 3,85 милиони денари при увоз на текстил

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад