„Комитите“ излегоа со обвинување дека МВР манипулира со снимките од инцидентот во Битола со цел да ја скрие вистината и да ја избегне одговорноста, a одпрес конференцијата кај градскиот парк побараа ослободување на двајцата притворени навивачи.
Според навивачката група „Комити“ постои огромна раззлика во снимките кои ги прикажа МВР и снимките кои се појавија на медиумите.
„Се сомневаме дека видеото постирано од МВР а снимено од 2 камери на министерстовото е монтирано за да се префрли вината на нашите членови и групата за да се оттргне фокусот од аматеризмот и непрофесионалноста на полицијата“, велат од навивачката група.
Според нив доказ за ова е што МВР во рок од 24 часа ја менува официјалната изјава дека бомбата му била одземена на полицаецот. Од Комитите издвоија и неколку детали кои сметаа дека се клучни за вчерашниот инцидент.
-Кој ја издал наредбата тие да бидат опремени со шок бомби со разорна моќ?
-Во кој случај е доволено тие да бидат употребени, ако се има предвид дека може да предизвикаат огромна штета па и загуба на човечки живот?
И после 48 часа МВР излезе со нејасна изјава како бомбата се најде во рацете на нашиот член, иако првично тврдеа дека е украдена од полицацеот, а на снимките јасно се гледа дека ја зема од земја.
Зошто МВР не отстрани од натпреварот на неколку минути пред крајот, прашуваат Комитете?
Според нив лага е дека биле потиснати од полицијата со штитови кога се гледа дека врз нив биле употребени палки, акција, која била крајно непотребна и нечовечна.
Комитите најавија кривични пријави против полицијата со цел да се утврди одговорноста за МВР и побараа полицијата повеќе да не ги брани од ривалите- кои единствени им помогнале по крвничкото претепување.