Комисијата за заразни болести: Препораките за новите мерки се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и анкетите од новозаразените со Ковид-19

Од:

Комисијата за заразни болести е зачудена од нападите и квалификациите кон неа од Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното донесување, соопшти Министерството за здравство.

Препораките за новите мерки, како што се посочува, целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19.

Трансмисија на вирусот се случува најмногу меѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави. При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани, стои во соопштението.

Дополнително, како што се нагласува, во целиот свет и Европа во моментов има есенски бран каде меѓу првите мерки е целосно затварање на баровите и рестораните, а на многу места веќе има нови вонредни состојби.

Целта на Комисијата за заразни болести е со помеки мерки, а не преку целосно затворање на угостителските објекти да се намали ризикот за ширење на вирусот, а индустријата да може да работи. Искрено се надеваме дека ќе имаме и понатаму успешна соработка и разбирање за одлуките бидејќи тие се исклучиво во насока на заштита на јавното здравје, се наведува во соопштението.

Независната угостителска комора (НУК) денеска преку соопштение реагира на вчерашното донесување на најновите владини мерки. – Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели, посочуваат од Независната угостителска комора.

Би можело да ве интересира

Струмичани славеле роденден и се фалеле на Фејсбук, добија кривични пријави

Жарко Настоски

Уапсени десетмина жители на селото Орман, полицијата ги затекнала околу коледарски оган

Жарко Настоски

Полицијата затвори кафеана полна со гости во гостиварско Неготино, уапсени газдата и брат му, кој ја скинал пломбата

Жарко Настоски

Полицијата и пазарните инспектори вчера влегле во 300 скопски кафеани, приведени тројца сопственици

Жарко Настоски

Пазарна ќе го затвори „Сити мол“ ако се повтори бенд во живо да ги забавува посетителите

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Кафеаните затворија, „Сити мол“ се преполни

Маја Илиевска-Пачемска