Кој сака почист воздух и зеленило, не треба да му пречи еколошката такса, вели Заев

Од:

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја најавата на опозицијата дека ќе го блокира донесувањето на законот за еколошка такса, денеска од Куманово изрази надеж дека ќе се изнајдат начини за да се изгласат законите кои се важни за граѓаните.

– Верувам дека согласно Деловникот, законите треба да се гласат „за“ или „против“ и верувам дека ќе се изнајдат начини за да ги продолжиме политиките важни за граѓаните. Ако сакаме повеќе здравје, почист воздух и повеќе зелени површини, мора да ги следиме европските политики. Зелената такса што се воведува, доаѓа во време кога се укинуваат трите денари акциза што беше воведена кога цената на нафтата беше најниска. Очекуваме другата недела да помине 600 долари барел и веднаш паѓаат самите такси, така што немаме во просек некое зголемување, но ќе имаме огромен фонд кој во една година значи не помалку од 55 милиони евра. Тоа се пари за зелени површини, пари за обновливи извори на енергија, енергетска ефиканост кои значат многу за државата. Да застанеме сите и ваквите процеси да ги поддржиме, изјави Заев.

Опозицијата денеска најави дека ќе го блокира донесувањето на овој Предлог-закон кој, според нив, значи нова давачка за граѓаните и поскапување на цените за транспорт и други производи.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Поскапува дизелот

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи