Смената на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на државната кардиохирургија, предизвика реакции во јавноста, посебно на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.
Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, а информацијата министерот ја потврди на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација со образложение дека ќе ги менува сите директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат, заборавајќи дека д-р Сашко Јовев го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во 2020 година.
Големо внимание предизвика статусот на Елеонора Димовска, ќерка на последниот пациент кој доби ново срце, а операцијата ја предводеше професорот Јовев.
„Ако се прашувате зошто и од каде ми е правото јас да зборувам на темава еве и тоа ќе Во го кажам, пред 9 месеци беше направена последната трансплантација на срце, а личноста која го прими срцето беше мојот татко. Па оттука можам да зборувам за она што го направил професорот.
Од една страна за жал, а од друга за голема среќа долг период секое утро, повторувам СЕКОЕ УТРО по неколку часа поминувавме во просториите на државната кардиохирургија, и сведочевме на ангажираноста на професорот, сведочев дека ниту еднаш не пропушти визита, немаше момент некој од пациентите да го побара а он да не е присутен, но по зборовите на НАДЛЕЖНИТЕ можеби и операцијата на татко ми од дома ја правел, не работел ништо 10 години.
И не, не го кажувам ова за да го бранам Професорот, го кажувам ова затоа што не можам да си поверувам каде живеам, во држава каде што се разрешуваат луѓето кои спасуваат животи.
И знаете ли што ми е најголем проблем, тоа што познавајќи го професорот и целиот тим кој што е покрај него после ова ќе ја продолжат нивната кариера негде каде што ќе ги ценат, негде каде што ќе ги почитуваат, негде многу далеку од нашава Македонија, и тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува во живот срцето на татко ми, срцата на сите трансплантираните, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина.
Затоа што нивната работа не завршува кога ќе излезеш од болница, на располагање за 24 часа 365 дена во годината, секојдневно ја контролираат терапијата и ја дозираат. И сега навистина сум загрижена кој ќе ја преземе нивната работа, кој ќе го одржува во живот татко ми? или твојот татко, мајка, сестра, брат, сопруг, сопруга…?“, стои во емотивниот статус на Елеонора Димовска.
Во моментов небитно дал си голем ВМРОВ-ец, СДСОВ-ец, ДУИОВ-ец, треба да се протестира против одлуката на "почитуваниот" министер, за разрешување на Сашко Јовев✊
— The silent (@coolglad_2025) June 5, 2023
Ќе ти го препоручев врвниот кардуиохирург Сашко Јовев, додека не заминал и тој од оваа вукијебина, ама тебе не треба срцето, треба мозокот да ти се пресади.
— Флипс #апсаана (@Nepodmitliviot1) June 5, 2023
И разрешувањето на Јовев е според планот за разградување на државното здравство. Исцрпи ги државните ресурси до максимум, обучи луѓе и префрли ги на приватно за да прават профит. Одвратен, безочен, најмизерен грабеж.
— 7️⃣ (@osmini_) June 6, 2023
Го разрешија д-р Сашо Јовев еден од најуспешните кардиохирурзи кој заради проектот за државна кардиохирургиија се врати од Кувајт каде претходно работеше.Сепак најважно е дека нема да се бугаризираме🤪
На глупи луѓе како вас и ова ви е малку. Сите сунет ќе правите за неколку год— Дете Лошо (@DeteLoso) June 5, 2023
Арно вика Андон, се скараа со Жан, Кедев, сега и со Јовев, кај ќе се оправате бе мрднати?? https://t.co/QeIEa821zR
— Marija (@mara00914095) June 5, 2023