Кочубовски: Носете маска и држете дистанца на плажа, водата во езерата покажува загадување, но дозволена е за капење

Од:

Водата во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е дозволена за капење, а на плажа се што треба посетителите да прават за бидат безбедни во однос на коронавирусот е да внимаваат на дистанцата, да носат маски и редовно да ги мијат рацете со вода и сапун, вели за „А1он“ Михаил Кочубовски, раководител на секторот за здравствена екологија и безбедност на вода во Институтот за јавно здравје. Последните испитувања на водата во езерата Институтот ги направил оваа недела.

„ Според микробиолошките параметри езерата спаѓаат во одлична класа, додека во однос на физичко-хемиските анализи според Уредбата за класификација на водите, спаѓаат во I класа за Охридско Езеро, а за Преспанско во I-II класа што е дозволено за капење, а Дојранско Езеро е во III класа заради природно обогатување од железо, манган и други олигоелементи кои не се токсични за човековото здравје“, вели раководителот Кочубовски.

Уредбата за класификација на водите ги дели водите на пет класи со тоа што првата класа е чиста, а петтата класа е загадена вода, забранета за употреба. Нема значителни промени во квалитетот на водата во езерата во споредба со претходните години. Во Дојранско и во Преспанско Езеро, Кочубовски вели дека има подобрување како резултат на преземените мерки од државата и општините.

На прашањето дали Институтот за јавно здравје има податоци за однесувањето на вирусот Ковид – 19 во вода и дали тој може да се пренесе преку езерска или морска вода, Кочубовски одговара дека многу треба да се внимава на отпадните води.

„ Досега нема докази дека вирусот COVID-19 се пренесува преку канализациони системи со или без третман на отпадни води. Меѓутоа, бидејќи вирусните фрагменти се пронајдени кај екскретите и поради други потенцијални ризици од заразни болести од екскрети, отпадните води треба да се третираат во добро дизајнирани и добро управувани централизирани работи за третман на отпадни води и на крајот да се врши дезинфекција на пречистениот ефлуент“, објаснува Кочубовски.

Институтот за јавно здравје подготвува збирна информација за квалитетот на водите за капење од природните езера која најавуваат дека ќе биде готова следните денови. Од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести се уште се чекаат протоколи за користење на плажите до кои треба да се придржуваат посетителите но и закупците на плажите.

Би можело да ве интересира

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

И се слоши на излегување од водата – Србинка почина на плажа во Грција

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

44-годишен Србин почина на плажа во близина на Пиерија

Горан Наумовски

Се сруши карпа на плажа во Англија

А1он