Кирацовски, Груби и Ѓорчев на појадок со Трамп, премиерот Заев не знае дали ќе оди

Од:

Претставници од државниот врв на Македонија и оваа година ќе присуствуваат на Молитвен појадок во Вашингтон, каде што учествува и претседателот на САД, Доналд Трамп, тврдат за „Макфакс“ од Собранието и Владата.

Тие демантираат дека Македонија не е поканета на појадокот каде што присуствуваат фисоки функционери, дипломати и претставници на повеќе од 140 земји од светот, кои ја користат оваа можност да разменат мислења, искуства и ставови за глобалните случувања и предизвици.

Информациите велеа дека покана нема бидејќи Македонија е меѓу 128-те држави коишто се спротивставија на САД, на итната седница на Генерално собрание на Обединети нации каде што се гласаше против одлуката на Соединети Американски Држави да го прогласат Ерусалим за главен град на Израел.

„Во Владата пристигна покана за учество на Молитвен појадок во Вашингтон и истата беше адресирана на име на премиерот. Сè уште не сме сигурни дали тој ќе присуствува, а тоа зависи од неговата агенда“, изјавија ов Владата за „Макфакс“.

Од Собранието исто така велат дека пратениците се подготвуваат да заминат за Вашингтон, првиот четврток од февруари. За разлика од изминатите години, кога како прв човек на Собранието, експретседателот Трајко Вељаноски беше на молитвените појадоци, оваа година покана нема за Талат Џафери.

„Од Собранието ќе присуствуваат тројца пратеници. Александар Кирацовски од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Владимир Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ“, велат од собраниските служби.

Покрај централната церемонија која ќе ја отвори Трамп, организирани се и цела низа настани и активности, како надополнување на целата манифестација.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ви благодарам уште еднаш, претседателе Трамп

Горан Наумовски

Конгресната борба на републиканците за спроведување на „популарните“ мерки на Трамп

Големиот ајатолах на Иран издаде фатва: Ги повикува муслиманите ширум светот да ги убијат Трамп и Нетанјаху

(ВИДЕО) Трамп: Имаме купувач за TikTok

Трамп не ја кажувал вистината за наводно уништените три ирански нуклеарни објекти

САД: Израел и Хамас да постигнат договор, да се вратат заложниците

Горан Наумовски