Кичевски: JСП го упропастија медарот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска

Од:

За само една година новата локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и го донесе до целосен колапс Јавното Сообраќајно Претпријатие.Поради неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка која се занимава само со тендери и провизии, јавниот превоз не функционира рече на прес конференција претседателот на Градска огранизација на СДСМ Васко Кичевски.

Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го заглавија ова јавно претпријатие и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање. Тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата. Нема долг на Владата, тоа е само очаен обид за манипулација и прикривање на неспособноста, обид сопствената вина да ја префрлат на некој друг. JСП Скопје го упропастија заедно, медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска вели Кичевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците