Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски најави плоден ден од втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што денеска се одржува во Вашингтон, и којшто би требало да заврши со заедничка изјава. Очекува да се промовира инвестиција во еден значаен производен објект за реткиот минерал антимон, а пред потенцијални американски инвеститори ќе биде претставен и проектот за Чебрен и Галиште. Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со оваа администрација на САД.

Високата владина делегација во Вашингтон ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учествуваат и министрите за внатрешни работи, Панче Тошковски, за одбрана – Владо Мисајловски, за дигитална трансформација – Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

– Исклучително високо ниво. Теми кои ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, апликациите и имплементацијата, билатералната соработка, енергетиката, инфраструктурата која ја градиме и во која силно инвестираме. Потоа соработката во одбранбената индустрија. Тоа се неколку области во кои што очекуваме да се постигне голем напредок. Истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект. Тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Редок минерал, што може за нашата економија да значи многу, рече Мицкоски.

Истражувањата таму се при крај, додаде премиерот, кој очекува „многу скоро тоа да биде започнато“.

– Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД, тоа е еден заокружен циклус. Нешто што е многу важно за Македонија како држава и за нас како граѓани, рече Мицкоски.

Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање во врска инвестирање во дата центри, рече дека имал средби со четири вакви инвестициски компании и ти на дел од тие инвестиции веќе се работи.

-Станува збор за сериозни инвеститори и инвестиции. Кога ќе можам повеќе да зборувам ќе споделам, затоа што не би сакал да кажувам нешто додека не бидам сто проценти сигурен дека тоа ќе се случи. Но, доколку се случи, еве да претпоставиме ќе имаме огромна додадена вредност во македонската економија, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека проектот за Чебрен и Галиште ќе биде понуден на потенцијални американски инвеститори, нешто за што, како што кажа, нешто што претставува негова лична цел и желба. – Министерката е таму присутна со сите информации за тој проект и ќе биде претставен, рече претседателот на Владата Мицкоски.

Премиерот Мицкоски негираше дека е запознаен со нонпејпер што кружи во Европскиот Парламент за надминување на проблемите со протоколот со Бугарија од европратеникот Томас Вајц.

– Не. Не знам за таков документ, рече Мицкоски, кој денеска беше на настан во скопската општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во земјава

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Аматерски, неразумен и штетен – премиерот за потегот на Бугарија да ја објави дипломатска нота за патување на неговото семејство

Мицкоски му одговори на Таравари за враќањето во владата и го потсети на тендерот „Ѓока констракшн“

Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под три проценти

Катерина Ѓуровски