Каракамишева повикана на информативен разговор поради говор на омраза

Од:

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица, бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на својот Фејсбук профил денеска објави дека станува забор за политички прогон.

„Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Пријавена сум од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа. Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите. И јасно е се! Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите. И јасно е се! Политичкиот прогон го пуштаат на максимум. Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата! Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото! Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашите! Борбата почна, нема враќање!“, напиша Каракамишева.

Само што излегов од полициска станица Центар.Вчера ТРОЈЦА полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми…

Posted by Тања Каракамишева on Петок, 18 јануари 2019

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каракамишева: Законот не е реформски, туку со намера да се вдомат кадри на СЈО

Драган Поповски

Каракамишева бара да се поништи Договорот од Преспа и сите акти потпишани од Талат Џафери

А1он

Каракамишева: Коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ го остварува планот на Зијадин Села за делење на државата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Каракамишева: Барањето услови на Иванов за мандат не е уставно

Наум Локоски