(ВИДЕО) Канческа–Милевска: Тезите на Фетаи се рекла – казала и груба манипулација

Од:

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на прес конференција во Музејот на македонската борба кажа дека обвинувањата на Специјалното јавно обвинителство се рекла-казала тези и груба манипулација.

– Фатиме Фетаи со тезите сака да стави дамка на моето работење. Сите постапки се водени согласно Законите и сите проекти се со одобрение и со употребна дозвола. Сите предмети се чисти како солза. Ова мое тврдење ќе го поткрепам со докази, кои може секој од вас може да дојде и да ги погледне документите за предметот за јавна набавка од 2011 година број 10, кој се однесува за завршни градежни работи за Музејот. Станува збор за набавка која не се однесува на изградбата на објектот туку за набавка за партерно уредување околу Музејот, рече Канческа – Милевска.

Според неа, Музејот на Македонската борба е капитален проект на кој таа е горда, музеј на македонската вистина и борбата на народот.

– Сите ние очекувавме еден професионален и објективен пристап во работењето на СЈО во служба на вистината. Сакам да потенцирам дека при моето доаѓање за министер за култура, сите проекти мораше да се контролираат во реализацијата. Денешната прес конференција на СЈО е очигледно дел од однапред планирано сценарио со цел да го оцрни целокупното работење на Министерството за култура. Тоа нема да го дозволам бидејќи сите вработени во Министерствто чесно си ги вршеле своите обврски и сакам да им се заблагодарам на сите нив за почитувањето на сите законски процедури. СЈО уште еднаш докажа дека работи по инструкции на СДСМ, површно и без анализа, врз паушални постапки кои немаат врска со вистината, рече Канческа – Милевска.

Според неа, набавката е извршена со електронска набавка, што значи дека истата била целосно транспарентна и во целоист испочитувана

– Што се однесува до транспарентноста на јавната набавка може да се види дека подигнале тендерска документација четири економски оператори. СЈО може да провери и да истражи дека во Македонија има најмалку 20 економски оператори кои ги исполнуваат истите услови од критетиумите, додаде Канческа – Милевска.

Министерката за култура рече дека се објавува обвинение за кое не постојат аргументи и докази затоа што никој не навлегол во материјата и не ги истражил сите документи. Вели, сите изнесени невистини и искази се неаргументирани, а анализа на материјалите не е направена воопшто. Таа исто така прикажуваше документација од времето на договорот до исплаќањата.

– Сето ова треба да се провери, а СЈО можноста да провери ја имаше ден и половина, пред два дена ја зедоа документацијата. Прес конференцијата ја најави истиот ден дури и претходно. Ова се документи кои се доставени до СЈО, ништо повеќе ништо помалку, кажа Канческа – Милевска.

Според неа, градежните работи кои се предмет на оваа набавка се извршени по склучување на договорот, а не претходно.

Надзорот потврдува дека градежните работи се изведени според договорот. На тендерот кој беше јавен можеше да се јави секоја градежна компанија. СЈО требаше претходно да ги истражи криитериумите кои се бараа, а тоа беа економска и финансиска состојба, позитивно финасиско работење, техничка и професионална способност, најмалку да има градежни работи за три објекти во последните пет години, лиценца А и најмалку 50 вработени, рече Канческа – Милевска.

Би можело да ве интересира

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јавна расправа за Предлог законот за култура – дел од забелешките околу децентрализација на институциите и стручните звања