Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

Од:

Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици. Конкурсот преку кој странски издавачи добиваа средства за превод и објавување дела од македонски автори постоеше од 2014 до 2024 година. Оттогаш па наваму – ништо, наведува политичката партија Левица во соопштение што го пренесуваме интегрално:

За мала книжевна сцена со ограничен јазичен пазар, преводот не е луксуз. Тој е еден од ретките начини македонските автори да стигнат до странски издавачи, фестивали и читатели. Државната поддршка го намалува ризикот за странскиот издавач и му овозможува на македонското дело да го направи првиот чекор кон странскиот пазар. Во 2024 година за тоа биле потребни околу 84 илјади евра. За држава која толку многу зборува за македонскиот јазик, ова не би требало да биде невозможна сума.

Ова е вистинското лице на патриотизмот на ДПМНЕ. За македонскиот јазик и идентитет имаат полни усти кога треба да се собираат политички поени, но кога треба да се обезбедат средства за македонската литература да биде преведена и читана во странство – две години немаат ни конкурс. Министерството вели дека правело анализа и дека можеби во текот на 2026 година ќе го објави конкурсот. За нив, изгледа, и поддршката на македонската литература може да чека.

И затоа прашањето не треба да биде само: кога ќе биде објавен конкурсот? Туку: која е воопшто стратегијата на оваа држава за македонската книжевност и култура? Зашто ако одговорот е „ќе видиме во текот на годината“, тогаш e јасно дека културната политика е сведена на тешка импровизација.

Левица бара министерот Сулејмани да се вразуми и наместо да вработува нови советници за култура покрај веќе постојните 17, да обезбеди средства и веднаш да го отвори конкурсот за превод на македонски книги на странски јазици. Ако навистина се грижат за македонскиот јазик, нека престанат да го бранат само на говорница и нека направат нешто конкретно – македонскиот збор да стигне до светот.

Би можело да ве интересира

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!