„Помислете и на нас“ е мото на кампањата со која Црвениот крст на Република Македонија ќе го одбележи 16 Октомври – Меѓународниот ден за борба против гладот.
Кампањата, која официјално ќе биде промовирана денеска на прес-конференција, ќе се спроведува преку собирни акции од општинските организации на Црвениот крст на РМ и Црвениот крст на град Скопје, од 16-ти до 22 октомври.
Ќе се реализира во соработка со образовно-воспитните институции, компании и здруженија на граѓани.
Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата ќе бидат наменети за обезбедување храна за помош на ранливото население.