Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка”, откако Апелација одлучи да му го одбие барањето за укинување, дознава „А1он”. Судиите процениле дека одлуката на Кривичниот суд за одредување на притворот е исправна, по што му е продолжен за нови 30 дена.
Притворот на Камчев му беше одреден бидејќи за случајот „Плацови на Водно”, за кој е поднесен обвинителен предлог. Обвинителството смета дека тој може да избега, поради тоа што има имот и фирми во странство, но и бугарско државјанство и место за престој. Дополнително, доказ беше и белешката од АНБ според која, тој имал средба со странци, што според нив, спремал договор за бегство.
Камчев во изминативе месеци се жалеше на влошена здравствена состојба и негрижа за неговото здравје во затворот. За ова известуваа неговите адвокати. Од затворот „Скопје”, ги негираа обвинувањата.
Во тек е и судењето за „Плацови на Водно”. Со воведните зборови на обвинителката Лиле Стефанова заврши првото рочиште. Според обвинението, Орце Камчев се гомо за перење пари.
Камчев е во притвор повеќе од четири месеци. Бизнисменот Орце Камчев, по одредувањето на првиот притвор и спроведувањето во затворот „Скопје“, негираше дека сакал да бега. Тој рече „Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.