Бизнисменот Орце Камчев остaнува во 30-дневен притвор. Кривичниот суд во Скопје му ја одби жалбата за притворот и го потврди решението кое го донесе судија на претходна постапка во неделата, кога Камчев беше уaпсен поради дојава од Агенцијата за национална безбедност.
„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30 дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство”, соопштија од судот.
По барање на обвинителката Лиле Стефанова, на бизнисменот Орце Камчев му беше определен притвор. Притворот му е одреден за случајот поврзан со плацовите на Водно, кој е во истражна постапка, а за кој, наскоро се очекува обвинение.
Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.