Камчев и осомничените во „Империја“ остануваат во „Шутка“ уште 30 дена

Од:

Кривичниот суд во Скопје им определи нови 30 дена притвор на осомничените во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство, дознава „Макфакс“. СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничените да им биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што сè уште опстојуваат причините поради кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство.

Бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија“ и Тодор Мирчевски, директорот на контроверзната компанија „Ексико“, остануваат уште еден месец во притвор. За ексшефот на УБК, СЈО дополнително побара притвор за овој случај.

Камчев, Мијалков и останатите се обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари. Во истрагата за „Империја“, осомничени се уште 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи“ преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.

СЈО тврди дека нивните докази упатуваат на тоа дека осомничените во периодот од 2002 до 2013 година сториле кривични дела лично или преку фирмите кои ги поседуваат. Обвинителството најави проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Притворена е жената која незаконски наплаќаше влез во заштитениот локалитет „Куклица“

Македонски државјанин почина во притворски центар во Албанија

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје