Како се контролира границата кон Косово?

Од:

Дел од регионот околу границата со Косово има „дупки“ кои никој не ги контролира. Извори за А1, тврдат дека граничниот регион не е целосно покриен поради несоодветна

распределеност на стручниот кадар во полициските станици, така што во одредени периоди немало никаква полициска патрола на теренот. Истите извори за А1 посочуваат дека

најголем проблем претставувало и тоа што камерите за видео надзор не работат и нејасно останува зошто дел од средствата за подвижен и фиксен видео надзор кои се обезбедени од големи странски фондации се ставени вон употреба.

Изненадувачка е информацијата дека до местото каде што се фиксирани камерите немало спроведено струја, а не работеле ниту агрегатите зашто подолго време немало обезбедено нафта.

Полицајците кои патролирале околу теренот меѓусебно тешко комуницирале. За А1 велат дека доколку нешто се случи нема да можат да ги известат своите колеги затоа што радиостаниците не функционирале поради конфигурацијата на теренот, а поради слабата мрежна покриеност мобилните телефои им биле недостапни.

Дополнителен проблем за нив претставувало и тоа што немале доволно теренски возила и дека тогаш кога најмногу имаат потреба од нив со часови ги чекале да пристигнат

нивните колеги. Вработените, за А1, признаваат дека ниту тие не се чувствуваат безбедно, ниту теренот можат целосно и ефикасно да го контролираат.

Поради недоволен број на вработени полицајци, немаат секогаш замена, па затоа во текот на едно деноноќие околу 12 часа немало присуство на теренот.

МВР свесно за некој недоследности, официјално ги потврди проблемите што ги има Регионалниот центар за гранични работи – Север.

Од таму велат дека одреден период поради некакви дефекти се случувало средствата за видео надзор да бидат ставени вон употреба, и дека Министерството за внатрешни работи во континуитет врши проценка на теренот и според потребите прави прераспределба на стручниот кадар.

Дел од вработените коментираат дали неефикасноста околу граничниот надзор е резултат на нечиј пропуст или некому му одговара ваквата состојба на теренот.

Неодамна на јутјуб се појави снимка на илегалци како преминуваат на македонска страна, а беа забележани од жителите на едно кумановско село.

Јасмина Спасовска

 

Би можело да ве интересира

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски