Каевски: Законот за млади ќе ги штити нивните права и интереси

Од:

Законско решение за млади е потребно бидејќи тоа ќе ги штити нивните права и интереси и ќе овозможи регулација на младинските прашања, порача денеска директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски на конференцијата „Зошто Закон за млади во Р.М.“ организирана од страна на Националниот младински совет на Македонија.

Тој ја потенцираше волјата на институциите кон креирање решение кое ги задоволува барањата на сите засегнати страни, како и отворениот и инклузивен процес.

-Преку овој процес даваме пример за тоа како младите и институциите можат да седат заедно на иста маса и да одлучуваат за потребите и приоритетите во младинскиот сектор, бидејќи тоа е вистинскиот начин за креирање на квалитетни младински политики, истакна Каевски.

Очекувањата се на почетокот на следната година да се усвои предлог текст за Закон за млади, кој преку широк консултативен процес ќе се претстави пред младите, а по прочистување на текстот истиот ќе се пушти во Собраниска процедура.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата