Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

Од:

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари.

Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија.

Собранието донесе Одлука за испраќање припадник на Армија на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европска Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Собранието донесе заклучоци со кои констатира дека не се оправдани и нека потреба за автентично толкување на членови на неколку закони – Барањето за автентично толкување на член 5 ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход поднесено од пратеник Оливер Спасовски, Барањето за давање на автентично толкување на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев, Барањето за давање на автентично толкување на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници, а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-2005/1 од 15.03.2024 година, Барањето за давање на автентично толкување на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници, а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-7116/1 од 16.12.2025 година и Барањето за давање автентично толкување на член 5, ставови (2) и (3) од Законот за данок на личен доход, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи